Фрлањето на светиот крст за големиот христијански празник Богојавление- Водици во Прилеп ќе се изврши во 12 часот во Аква паркот Салида. Големиот Богојавленски водосвет ќе го изврши неговото високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-Пелагониски и администратор Австралиско-Новозеландски Владиката Петар.
Од архиерејското намесништво во Прилеп информираат дека досега биле пријавени 99 учесници кои сакаат да скокнат по светиот крст од кои 7 биле девојки. Најмалите учесници се двајца 12 годишњаци машко и девојче.
Инаку Богослужбата за празникот ќе започне во 04.00 часот во црквата „Свето Благовештение“, a пуштањето на гулаби како симбол и знак на Светиот дух и осветувањето на водата ќе се изврши околу 06.30 часот.