Почитувани излажани од Градоначалникот граѓани на Прилеп! Загрижени за реализацијата на лажните ветувања време е општината да распише потерница за лицето Илија Јованоски! Додека шета по Европа, Прилеп пропаѓа! Истакнаа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРо-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Битно Јованоски и по телефон ги координира отказите за старите и решенијата за новите административци! Имено овoј човек кој упорно ве лажеше се бара за да:
- Ја намали цената на водата за 20%
- Се бара по потерница за да изгради затворен базен во новата сала Македонја која ќе ја правеше најубав комплекс
- Се бара за да појди во „Три багреми “ и да им каже на Ромите зошто ги лажел дека без детален урбанистички план ќе им донесел за 60 дена:вода ,трансформатор и струја и асфалт.
- Се бара да одговори по кој критериум ги вработува новите лица во Општина Прилеп кои 8 часа се службеници, а истовремено новинари и невладини активисти
- Се бара од навивачите на Победа и РК Прилеп да каже со кое лице го згасна фудбалот и ракометот во градов, а ветуваше европски спорт
- Се бара бидејќи никој го нема видено да им каже зошто вработените во Еурокомпозит земаат еден денар плата ?
Почитувани,Прилеп има татко на градот кој своите чеда ги заборави, фокусирајќи се на осветата на 300 фамилии и вработувањето на своите најблиски! Предлaгаме под итно да се свика неговиот ГРАЃАНСКИ ПАРЛАМЕНТ и двојазично да дискутира на овие теми!“