„Лажните новинари, денес портпароли на Општина Прилеп платени од граѓански џебови полни со лаги и злоба“. Почитувани уништувачи на европски Прилеп! Вака ја започнуваат својата реакција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп која доаѓа по пресот на О.О. на СДСМ Прилеп, кој пак беше реакција на претходен прес на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Реакцијата ја пренесуваме во целост.
„Ако за вас санирање на дефект е ПРОЕКТ-Вие сте за жалење! Ако појачувањето на струјата е ПРОЕКТ вие навистина не знаете кои се надлежностите и обврските на ЕВН!
Ако „Победа“ била партизирана значи им ставате партиска етикета и на фирмите кои се општествено одговорни во Прилеп и го поддржуваат спортот. Ама така е кога за спортот треба да се грижат тие што немаат видено фудбалска и ракометна топка!
Дури си ги вработувате внуките, братучедите, сватовите… Прилеп пропаѓа!
Направете затворен базен, намалете ја цената на водата, бесплатен превоз, гасификација, нови автобуси… наместо да оставате 300 фамилии без егзистенција! Во иднина пишувајте ги соопштенијата и на албански, во тоа сте најдобри!
И, мора да се констатира… општина Прилеп одговара со партиски соопштенија во име на СДС. ОО на СДС Прилеп веќе замре… нејзината улога ја презеде ЛС Прилеп!“, велат од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.