Во Македонија, според податоците на порталот “Slavorum”, на врвот се наоѓа Орце Камчев, сопственик на “Орка Холдинг”, со 238 милиони долари вредно богатство. Основачот на “Amazon”, Џеф Безос, го престигнал Бил Гејтс и го заземал првото место на листата најбогати луѓе. Според листата на милијардери на “Bloomberg”, 15 најбогати луѓе во светот се:
Порталот “HowMuch.net”, на основа на податоците на Форбс, формирал мапа со најбогати луѓе на секој континент. Според нивната листа, Мукеш Амбани, претседател и извршен директор на “Reliance Industries”, е рангиран пред Џек Ма, основач на “Alibaba”. Џек Ма на најновата листа на “Bloomberg” се наоѓа на 15-то место, со 45,8 милијарди долари имот.
Имотот на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, минатиот месец на кратко ја надминал бројката од 100 милијарди долари. Тој бил првата личност со богатство поголемо од 100 милијарди долари во модерниот период, односно прво лице кое ја надминала оваа вредност на листите на “Forbes” и “Bloomberg”, кои со години ја следат заработувачката и вредноста на најбогатите луѓе на светот.
Според листата на “Bloomberg”, тој е тежок 98,5 милијарди долари. Сепак, тешко е да се спореди неговото богатство со богаташите од минатото, поради вредноста на парите и инфлацијата.
“Business Insider”, на пример, наведува дека богатството на нафтениот могул Рокфелер во денешно време, веројатно би вредело неколку стотини милијарди долари, со оглед на уделот на економијата која ја контролирал.
Порталот “Slavorum” претходно објавил листа од најбогати луѓе во регионот, пренесува Al Jazeera.
Во Хрватска, според податоците на овој портал, најбогато е хрватско-чилеанското семејство Лукшиќ, со нето вредност од 15 милијарди долари.
Во Србија, најбогат е Филип Цептер. Иако не живее во Србија, има српско државјанство, а неговото богатство се проценува на 5 милијарди долари.
Црногорскиот државјанин Таксин Шинаватра, поранешен премиер на Тајланд, кој живее и работи во Црна Гора има имот од 1,78 милијарди долари.
Најбогати луѓе во Босна и Херцеговина се Кенан и Дамир Хастор, кои ги наследиле “Prevent” и Asa Group” од својот татко Нијаз – тие располагаат со богатство од 412 милиони долари.
Во Македонија, според податоците на порталот “Slavorum”, на врвот се наоѓа Орце Камчев, сопственик на “Орка Холдинг”, со 238 милиони долари вредно богатство.