КСС денеска на протест пред Владата

Facebook
Twitter
Email
Print

Конфедерацијата на слободни синдикати денеска од Порта Македонија го почна протестот барајќи усогласување на платите со зголемувањето на минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор и  почитување на колективните договори.

 

Учесниците на протестот се движеа од Порта Македонија преку Министерството за правда до Владата на Република Македонија каде се очекува да ги испорачаат своите барања.

 

„И понатаму продолжуваме со исто темпо во насока на заштита и унапредување на работничките права, особено во јавниот сектор, каде што сме репрезентативни“, изјави вчера Благоја Ралповски, претседател на КСС.

 

Претставници на КСС вчера остварија средба со потпретседателката на Владата, Радмила Шекеринска и министрите Мила Царовска, Рената Дескоска и Дамјан Манчевски на која ги образложиле нивните барања.

 

Од Владата вчера соопштија- двете страни се заинтересирани за развивање на социјалниот дијалог и изнаоѓање заеднички решенија.

 

„Неспорно е дека ќе има дијалог меѓу Владата и синдикатите, но во делот за образованието мојот впечаток е дека ние со мерките што ги преземаме одиме дури и пред барањата на синдикатите“, изјави министерката за образование и наука Рената Дескоска.

 

СОНК се придружи на денешниот протест на ККС од каде бараат усогласување на платите со зголемувањето на минималната плата, исплата на К-15 во јавниот сектор и почитување на колективните договори.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи