Проект за вклучување на младите со инвалидитет во спортот

Facebook
Twitter
Email
Print

Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија минатата година го промовираше и започна да го спроведува проектот Change Your Mindset- Sport4Everyone во рамките на Ерасмус + спортската програма, чија цел е да се промовира потребата од спорт и телесна активност за лицата со инвалидност.

 

Загребачкиот спортски сојуз на лица со инвалидност е носител на проектот, во кој се вклучени седум партнери од 7 држави: Италија, Австрија, Словенија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Македонија.

 

 

Целта на овој проект е инклузија на младите лица со инвалидитет (на возраст од 15-29 години) во рекреативни спортски активности и подигнување на јавната свест за потребите од физичка активност како основа за здрав начин на живот. Луѓето со инвалидитет се изложени на долготрајно седење и физичка неактивност. Овој начин на живот ја наметнува потребата од спортска рекреација и рехабилитација. Така ќе се намали ризикот од разни болести, како што се кардиоваскуларните и респираторните заболувања – советуваат професори.

 

„Основната цел на спорската рекреација е одржување и подобрување на здравствената состојба. Што подолг и независен живот. Се надевам дека со повеќе вакви проекти ќе им овозможиме на овие лица да ја достигнат оваа цел“, изјави проф. д-р Горан Никовски, Факултет за физичко образование, спорт и здравје.

 

Македонската национална федерација за спорт и рекреација на инвалидите – македонски Параолимписки комитет, преку проекти ги вклучуваат младите со инвалидитет во спортот.  Оттаму велат, спортот дава можност за поголема социјалнa вклученост во општеството.

 

„Таа активност целосно го ангажира лицето со инвалидност, ја менува неговата емоционална состојба, заборава на својата инвалидност, се појавува самостојност, самодоверба и истрајност. Тоа е она што ние треба да го потикнеме кај младите лица со инвалидност бидејќи од нив очекуваме да се вклучат во сите пори на општеството“, изјави Бранимир Јовановски- проект-менаџер.

 

Проектот „Променете го вашиот начин на размислување – спорт за сите“ трае 18 месеци, до крајот на јуни годинава.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи