Во текот на изминатата ноќ, непознати сторители испишале кукасти крстови на споменикот на Крал Марко во центарот на Прилеп. Инспекциските служби при Општина Прилеп го регистрирале овој вандалски чин, а во текот на денот споменикот е исчистен.
„Случајот е пријавен во Полициската станица од општа надлежност – Прилеп, очекуваме надлежните служби да ги откријат сторителите. Општина Прилеп го осудува ваквиот вандалски чин и упатува апел до граѓаните на Прилеп да ги чуваат спомениците и споменичните обележја во градот, а секој обид за нивно сквернавење да го пријават во Полициската станица“, велат од Општина Приилеп.