Даниел Рикалоски од Кривогаштани и годинава по втор пат го фати Светиот крст на богослужбата што по повод празникот Богојавлениеи – Водици се одржа во црквата Света Богородица Пречиста.
„Се фрлам по крстот по 5-ти пат, а успевам да го фатам два пати, на сите им посакувам љубов, здравје и среќа“, рече Даниел Рикалоски.