Повеќе православни свештеници пред два дена демонстрираа по улиците на југозападното грчко гратче Аигио против употребата на терминот Македонија во новото име на Република Македонија.
„Македонија е грчка” пишуваше на транспарентот што грчките свештеници го носеа за време на протестот организиран од националистичкиот епископ Амвросиос кој го предводеше маршот.
За време на протестот биеле камбаните од сите околни цркви, а свештениците делеа и флаери низ градот дека „Македонија е грчка“
Како што зачестуваат средбите на официјалните претставници на Македонија и на Грција за изнаоѓање на компромис за името, така грчките противници на компромисен договор ја интензивираат својата кампања.
За в недела закажан е голем митинг во Солун со учество на црковни водачи и политичари.