Нимиц: Еднаш ќе мора да донесете одлука за промена на името

Facebook
Twitter
Email
Print

Не навлегувам во идентитетот на државата, туку го зајакнувам. Вие имате силен идентитет, не само од осамостојувањето, туку и од време на поранешна Југославија и од Отоманската империја, рече медијаторот Метју Нимиц во интервју за телевизија „Сител“ во врска со предлогот за решавање на прашањето за името.

 

Според Нимиц, не е тајна дека договорот е сеопфатен.

 

„Се обидов да ги опфатам најголемите проблеми и да најдам начин од интерес на двете страни. Според мене, со предлогот идентитетот е безбеден и со моите идеи е уште повеќе зајакнат. Предлозите ги напишав на четири страни и ги дадов на надлежните. Треба време да размислат, три до четири дена, а потоа да се разговора“, истакнува Нимиц.

 

Тој најавува дека ќе ги посети двете земји во наредните 10 дена за да се најде компромис.

 

Оценка на медијаторот е дека спорот за името е голема штета за двете земји доколку неговото решавање и натаму се одолговлекува, а за разлика од минатото, ситуацијата сега е променета.

 

„Атина излегува од економска криза, поуверени се и пробуваат да играат поголема улога во регионот. Во Скопје има нова Влада која се чини дека е посветена на решавање на проблемот. Сега имам две влади со сериозни луѓе, двајца сериозни премиери и двајца министри за надворешни работи, тука се опозицијата и медиумите и еднаш ќе мора да донесете одлука. Сега е моментот бидејќи нема избори, да не се чека во наредните 25 години зашто вие ќе бидете тука, јас не“, рече Нимиц.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи