Јакнење на капацитети на младите за социјално претприемништво

Едукација, подигнување на свеста, засилување на капацитетот и знаењето на младите луѓе за концептот на социјално претприемништво е фокусот на проектот  “DIVE deeper into Social Entrepreneurship”, што се имплементира во организација на Младински Сојуз – Крушево, а со финансиска поддршка од Еразмус + програмата на Европска унија.

 

Дваесет и пет млади луѓе од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Романија, Португалија, Јужна Африка, Костарика и Перу од 21-ви до 27-ми јануари ќе бидат обучувани во Крушево за социјално претприемништво. Нивни едукатори ќе бидат младински работници од Турција и Јужна Африка со екстензивно  искуство во невладиниот ресор и социјалното претприемништво.

 

Главна цел на проектот е преку имплементација на различни работилници,  младите да ги зајакнат своите способности и знаење за решавање на проблемот на младинска невработеност односно создавање на кооперативна, инспиративна и поддржувачка социјална и деловна клима и обезбедување квалитетни активности, коишто ќе им овозможат развивање на компетенции во областа на социјалното претприемништво.

 

„Dive deeper into Social Entrepreneurship“ е всушност втората едиција од истоимениот проект, којшто цели и кон зајакнување на соработката и размената на добри практики во областа на младинското социјално претприемништво, помеѓу земјите-партнери од различни континенти во светот.

 

“Додека првото издание се фокусираше на разбирање што е социјално претпријатие за млади луѓе, второто издание оди” подлабоко “и се фокусираме на обуки за теми како што се “генерирање на идеи, правни форми на бизнис, младински политики и финансирање за почеток. Младите Јужноафриканци ќе ги стекнат овие вештини и алатки за да ги имплементираат во своите социјални претпријатија дома “, вели Белиса Родригес, основач на Belle and Company, Јужна Африка и една од едукаторите на обуката.

 

Во текот на наредните  13 месеци Младински Сојуз – Крушево како водечка организација ќе имплементира дел од  проектните активности и во Бугарија, Романија, Португалија како и во интерконтиненталните земји.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи