Ерика Јованоска и Борис Ночески, ученици од IX одделение од ООУ„Кире Гаврилоски –Јане“ од Прилеп се единствените млади поети, што ќе ја претставуваат Македонија на меѓународниот фестивал „Деца поети“ што ќе се одржи на 01,02 и 03 фебруари во Мостар.
Личните творби на Ерика и Борис се избрани од стручната комисија во конкуренција од 1.470 песни од речиси исто толку млади поети освен од Македонија, од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Грција и Босна и Херцеговина.
Ерика и Борис ќе ги бранат боите на Македонија на фестивалот во Мостар со својата менторка, професорката по македонски јазик, Сузана Николоска.
Двајцата, Ерика и Борис се и првонаградените ученици на конкурсот што за сите основни училишта го распиша Општина Прилеп на тема „Хуманоста – темел во меѓучовечките односи“, по повод чествувањето на патронот на градот, празникот „Свети Никола“.