Утрово околу 00.55 часот на патот Битола-Прилеп се случи сообраќајна незгода во која патничко возило „Опел Фронтера“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од триесет и пет годишниот К.М. од Прилеп, удрило во пешакот П.И. (74) од Прилеп, по што со возилото го напуштил местото. По кратко време се вратил и се пријавил како учесник во незгодата.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот П.И. на кој му била укажана лекарска помош во Општа болница Прилеп. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.