Руските инжинерски единици го тестираа новото „оружје“ наменето за руските војници – униформа која што е отпорна на куршуми.
На Твитер е објавено видео од вежбата која што била спроведена во регионот Владимир и на неа руските војници ги демонстрираа способностите на третата генерација на борбени одела наречена “OVR-3SH”.
Опремата се состои од заштитно одело, панцир отпорен на куршуми и кацига која што е дизајнирана да ја штити единицата од напади на проектили со специјални сензори и камери.
Градите и грбот на војникот кој што го носи напредното одело се заштитени со специјални плочи направени од челик, силен политен и керамика. Исто така, специјални додатоци се направени за рамената, лактите и колената. Оделото е опремено со камера и вграден систем за ладење, а тежи само 10 килограми.
WATCH: Russian engineering units test new advanced assault suit https://t.co/SJAndSPQ3k #military #Russia pic.twitter.com/dFDy81e95H
— Sputnik (@SputnikInt) January 24, 2018