Агенти на ЦИА ја пронашле подморницата на Ескобар

Некогашните агенти на ЦИА наводно пронашле една од подморниците кои Пабло Ескобар ги користел за криумчарење на кокаин, пренесува “Daily Mail”.

 

Ескобар ги користел ваквите подморници за транспорт на кокаин од Колумбија до Порторико, а оттаму го пренесувал на тлото на САД. Ако ова е таа подморница, таа би можела да содржи траги кои конечно би откриле каде се наоѓа неговото богатство вредно 70 милијарди долари.

 

Нуркачите кои работат за ЦИА ја истражуваат непознатата локација во Колумбија, пренесува “The Sun”.

 

Каналот “Discovery” будно го следи текот на нивната експедиција во која нуркачите се во потрага по парите на познатиот нарко бос. На снимката се гледа како поранешните агенти Даг Лакс и Бен Смит го истражуваат морското дно, на кое пронашле метал и некоја кутија, но без никакви индиции дека во близина се наоѓаат парите. Меѓутоа, групата заклучува дека по поместување на остатоците сепак би можеле да го пронајдат она што го бараат.

 

Пабло Ескобар бил познат нарко бос од Колумбија. Тој го водел картелот Меделин кој држел 80 отсто од светскиот пазар на кокаин. Ескобар ја започнал својата криминална кариера уште како тинејџер на улиците на Меделин, каде продавал криумчарени цигари и крадел автомобили.

 

Потоа преминал на трговија со кокаин во текот на 70-тите години на минатиот век, а станал толку успешен што морал да купи дури 15 авиони и шест хеликоптери со цел да ја пренесе својата роба во САД.

 

Во своите најдобри денови, Пабло заработувал дури 420 милиони долари неделно и речиси 22 милијарди долари на годишно ниво.

 

Во 1989 година, списанието “Forbes” го прогласи Ескобар за седмиот најбогат човек на светот. Помеѓу народот, Пабло бил нарекуван Робин Худ бидејќи им помагал на сиромашните во Колумбија и градел куќи за бездомници.

 

Убиен е во 1993 година кога пробал да побегне од властите со својот телохранител. Многумина тврдат дека Ескобар извршил самоубиство откако го сокрил своето богатство на различни непознати локации, а поголемиот дел од тие пари никогаш не биле пронајдени.

 

Во 2009 година биле пронајдени осум милиони долари во еден скриен комплекс во џунгла, каде се наоѓале и фабриките за кокаин.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи