Во центарот на Токио веќе подолг период нема паднато снег, како оној што падна пред два дена. Автомобилите се целосно покриени, а и патиштата се блокирани.
Снегот ги изненади сите и иако градот не можел да функционира сепак тоа не ги спречило локалните уметници својата креативност да ја преточат во снежна уметност и луда забава. На секое ќоше по улиците Јапонците направија снешковци и најразлични фигури од снег, кои едноставно воодушевуваат.