Ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп ќе се запознаваат со културата, историјата и традицијата на Шпанија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Од 28.01 до 03.02 група од 5 ученици и 2 професори од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп ќе престојуваат во Валмојадо, Шпанија на работна средба. За време на престојот учениците ќе учествуваат на работилници и различни активности за учење. Координатор на проектот е професорката Елизабета Милошеска, а ментор професорката Наташа Најдоска.

 

„Темата на престојот е запознавање со културното наследство на земјите учеснички преку нивната историја, култура, јазик и традиции. Името на проектот е „Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето од иднината. Овој проект се реализира за прв пат и во него учествуваат ученици од 5 држави, Македонија, Турција, Германија, Шпанија и Италија“, вели координаторот на проектот професорката Елизабета Милошеска.

 

Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ треба да ги посетат и останатите држави учеснички во проектот, а во април учениците од Турција, Германија, Шпанија и Италија ќе треба да ја посетат Македонија.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи