Едно од прашањата кои предизвикуваат голем интерес е зошто висококатниците во Хонг Конг имаат дупки на средината од градбата. Одговорот лежи во древната кинeска филозофија наречена – Фенг Шуи.
Овие дупки се нарекуваат „Змејови капии“ кои им помагаат на змејовите од планината да дојдат до реката.
Во Хонг Конг се верува дека змејовите донесуваат среќа и за да не се блокира тој енеретски канал се оставаат овие дупки во зградите.
Голем број на кинески компании кога ги градат своите објекти поради верувањето во оваа филозофија даваат големи суми на пари на Фенг Шуи експерти за тоа како да бидат изградени нивните згради.
Една голема банка во Хонг Конг која пред извесен период доживеа банкрот за тоа го обвини архитектот кој во нивниот објект не проектирал дупка.