ВИДЕО – СДСМ : Го повикуваме ОЈО да покрене кривична постапка против екс директорот на ЈКП „ВИК“, Сашо Николоски

Излезе уште една вистина на виделина за неоговорното и несовесно работење на поранешната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од поранешниот градоначалник Марјан Ристески и неговите директори послушници. Рекоа на денешната прес конференција од О.О. на СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Сашо Николоски поранешен директор на ЈКП „Водовод и канализација“ го оштетил претпријатието за околу 100.000 евра за ненаплатени побарувања за вода што е класичен случај за злупотреба на службената положба и овластување.

 

Затоа го повикуваме Основното Јавно обвинителство веднаш да покрене соодветна кривична постапка за ваквата постапка на Сашо Николоски.

 

Јавноста е згрозена од фактот што одредени граѓани биле повластени и неплаќале сметки за вода додека сите останати морале како знаат и умеат да си ги подмират трошоците спрема јавното претприијатие.

 

Извршни решенија за ненаплатена вода се чувани во фиока и од новинари, познатии локални мегафони на власта, кои секојдневно шират спинови и дезинформациии.

 

За да биде штетата и страмот поголем дури и Општина Прилеп на чело со Ристески должела скоро 1 милион денари за вода, а прилепскиот затвор имал долг од околу 1,9 милиони денари, иако овие иинституции се финансирани со пари на граѓаните.

 

На што ги трошеа парите неменети за долгот за вода Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ во изборна година ? Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ немаат образ да излезат пред граѓаниите и да соопштат на што ги потрошија скоро 10 милиони евра од КФБ банката, парии што СДСМ ги обезбеди за обнова на водоводната мрежа во градот, затоа што моменталните загуби на вода се движат над 50%.

 

Тоа значи дека парите ги потрошија, а не ги санираа губитоците на вода во Општина Прилеп. Затоа ВМРО-ДПМНЕ лаже кога вели дека го решила овој горлив проблем на прилепчани.

 

И покрај лажните вести што ВМРО-ДПМНЕ ги пласира преку партиските мегафони цената на водата во Прилеп ќе биде пониска во однос на препораките од Регулаторната комисија за зголемување на цената на водата.

 

Новата локална влас предводена од градоначалникот Илија Јованоски и мнозинството на СДСМ во Советот на Општина Прилеп работи на долгорочно решение за обезбедување на чиста и редовна вода за пиење за граѓаните во сите делови од градот“, рекоа од О.О. на СДСМ Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи