Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара поблага мерка и за вработената во собраниските служби Елена Доцевска Божиновска. Оттаму поднеле барање до Освновниот суд Скопје 1 мерката притвор за Доцевска да биде заменета со мерка куќен притвор.
Претходно, Обвинителството соопшти дека доставило барање до Кривичниот суд во Скопје на пратеничката Жаклина Пешевска да и биде заменет куќниот притвор со мерки на претпазливост, а на Игор Дурловски притворот да му биде заменет со куќен притвор.
За останатите триесет и двајца осомничени Обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување присуство и за непречено водење на кривичната постапка.