Од 28.01 до 03.02 група од 5 ученици и 2 професори од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп ќе престојуваат во Валмојадо, Шпанија на работна средба. За време на престојот учениците ќе учествуваат на работилници и различни активности за учење. Координатор на проектот е професорката Елизабета Милошеска, а ментор професорката Наташа Најдоска.
„Темата на престојот е запознавање со културното наследство на земјите учеснички преку нивната историја, култура, јазик и традиции. Името на проектот е „Наследството од минатото, искуството од сегашноста и ветувањето од иднината. Овој проект се реализира за прв пат и во него учествуваат ученици од 5 држави, Македонија, Турција, Германија, Шпанија и Италија“, вели координаторот на проектот професорката Елизабета Милошеска.
Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ треба да ги посетат и останатите држави учеснички во проектот, а во април учениците од Турција, Германија, Шпанија и Италија ќе треба да ја посетат Македонија.