Хотел со 5 милиони ѕвезди

Хотелот „Сфера“ е поставен на приватна фарма на само еден час возење од главниот град на Исланд, Рејкјавик. Во негова близина постои зграда со бања и кујна во кој ќе можете да си зготвите што ќе посакате. Заборавете на хотелите со пет ѕвездички, кога имате ваква топка на дување од каде што ќе можете директно да гледате во пет милиони небесни тела.

 

Неговот име е Бабл е кој опфаќа пет простории во облик на игло и сфера, изработени од проѕирна пластика и можност за спиење во природа.

 

Секоја соба има свое име: Уна, Аста, Торнун, Валдис и Марија. Тие се опремени со голем брачен кревет, светилка, комода и контролиран систем на греење кој може да се прилагоди според желбите на поедниците.

 

 

Идејата за отворање на ваков хотел потекнала пред неколку години кога сопственикот организирал турнеја за разгледување на поларната светлина, а неговите клиенти прашувале за сместување од каде што ќе може да се гледа поларната светлина.

 

„Клиентите се пожалија дека им е студено и ме прашуваа дали знам некој топол хотел со стаклен кров од каде ќе можат да ја набљудуваат поларната светлина”, вели сосптвеникот Роберт Робертсон.

 

Во текот на зимските месеци, од Бабл имате совршен поглед на поларната светлина, а сопственикот на хотелот, исто така, организира турнеја низ островот за да се соочите со природната убавина на ова место.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи