ВИДЕО – Во Македонија има присутни 40-тина бегалци од кои само околу 10 побарале азил

Во моментов во Македонија има само околу 10 баратели на азил од страна на мигрантите, а вкупната бројка на бегалци кои престојувата во нашата држава, во трите бегалски кампа, не е поголема од 40 лица. Ова беа фактите кои денеска беа изнесени во Прилеп на настанот кој што беше насловен како „На кафе со бегалците“, а кој се имплементира заедно со Здружението на млади правници и „Отворена Порта  – Ла Страда“. Проетот финансиски е поддржан од УСАИД. Неговата цел била приказните на бегалците да се доведат поблиску до граѓани се со цел да се намали ксенофобијата и предрасудите спрема нив кои беа присутни тука во последно време. Проектот денеска беше презентиран и во Прилеп каде еден млад мигрант, кој има побарано азил во Македонија, од Пакистан, ја раскажа својата животна приказна и патешестевие како стигнал тука и зошто го напуштил родното огниште. Тој одговараше на прашања од присутните, но не сакаа да бидат снимени со камера.

 

 

Од организацијата со „Отворена Порта  – Ла Страда“ велат дека ова е интерактивна активност каде граѓаните може да споделат директни искуства и да ги слушнат приказните на бегалците, на некој начин одблиску да се запознаат со нивната историја, нивниот начин на живот, зошто избегале од нивните земји, зошто се тука и кои се нивните планови понатаму.

 

„Овој настан е дел од низата активности кои ги спроведуваме низ различни градови од Македонија како Прилеп, Битола, Велес, Охрид, Скопје и други. Немаме информации дали ова лето би можело да има нова бегалска криза. Македонија одлично се спави со оваа бегалска криза. Така што државата со поддршка на НВО секторот е веќе подготвен како да реагира ако има нов бран на бегалци како да се справии со тоа. Во Македонија има два бегалски кампа и еден бегалски прифатен центар во Визбегово, во сите три кампови вкупно бројката се движи од 30 до 40 мигранти кои престојуваат тука. „Отворена Порта  – Ла Страда“ работи освен во камповите и покрај граничните зони, каде што очигледна е илегалната миграција каде што луѓето транзитираат, таа миграција се уште постои така што во пограничните зони со границата Грција кај Гевгелија, границата со Србија, селата Ваксинце и Лојане се познати точки каде што илегалната миграција сеуште е активна“, вели Александар Митаноски, социјален работник и тим лидер во „Отворена Порта  – Ла Страда“.

 

 

Назиф Авди од македонско здружение на млади правници нагласи дека тие немааат информација за изградба на бегалски кампови во Македонија и дека тоа се само шпекулации.

 

„Немаме такви информации за изградба на бегалски кампови, ниту пак дали некој планира да донира за нивна изградба. Имајќи ги предвид бројките на бегалците кои транзитираат низ Македонија, а поготово бегалците кои што бараат заштита во Македониа. Ако се земат во предвид бројките со кои моментално располага Македонија, односно бројките на бегалците кои моментално бараат заштита во Македонија сметам дека постоечките капацитети на Македонија се доволни за да ги згрижат овие луѓе. Во моментов имаме не повеќе од 10 баратели на азил во Македонија, кои чекаат инстиитуцииите да одлучат по нивните барања. Дали тие ќе бидат позитивни или негативни ќе видиме“, рече Назиф Авди од македонско здружение на млади правници.

 

Авди нагласи со оглед на фактот дека во Македонија оперираат и припадниции на странски полиции смета дека границата во моментов е заштитена е дека не се очекува судир со полицијата и војската од поголеми размери со мигрантите каков што имаше во претходниот период.

 

„Овие трибини се организираат бидејќи во последно време во медиумите имаше негативна кампања кон бегалците и стравот што се обидуваа некои да го наметнат кон нашите граѓани. Сметавме дека со вакви трибини ако успееме да ја покажеме и другата страна, граѓаните ќе може да донесат разумен заклучок за тоа дали треба да им веруваат на тие медииуми и сето тоа што им се пласира“, додаде Авди.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи