ВИДЕО – Светски познатиот фотограф Фил Лампрон ги обучуваше младите од фото кино клубот од Прилеп

Светски познатиот фотограф Фил Лампрон денеска имаше 2 часовна работилница на Паркот на револуцијата со членовите на фото кино клубот од Прилеп. Тој дојде во Прилеп на покана на нашиот фотограф Христијан Конески. Лампрон истакна дека бил во градот под Марковите кули повеќе пати кога бил дел од мировните сили на ОН од 2008 до 2012 година.

 

 

„Целата моја работа е волонтерска. Во мировните сили бев на волонтерска основа, бев дел од „Средина за човештвото“ во Македонија и повторно работам за нив. Исто така работам за „Банка за храна“ од Македонија, но и за организацијата „Види Вака“, кои се занимаваат со кратки видеа. Едноставно само волонтирам со своето време, обидувајќи се да направам нешто добро за општеството. Организирам клубови за фотографија во разни градови низ цела Македонија, кои што изработуваат работилници за фотографија. Пред десет години живеев во Македонија во период од три ипол години, во повеќе градови, а сега се вратив повторно пред 9 месеци и живеам во Скопје“, истакна Лампрон.

 

Лампрон потенцираше дека во Македонија и Прилеп имало многу талентирани и многу креативни луѓе. Некои од нив кои учествувале на неговите претходни работилници, кои што ги држел пред 10 години, а денес истите правеле феноменалнии фотографии.

 

 

„Може да забележите дека и тука владее голем ентузијазам, бидејќи има доста луѓе тука денес кои што работат заедно и се обидуваат да ги подобрат своите вештини како фотографи. Колку што другите учат од мене, толку и јас учам од нив. Значи едноставно правиме размена на знаења, работиме заедно како тим. Обично почнувам да ги учам со основните работи, како да го наместат апаратот, композицијата, светлоста, која што е доста битна. Се обидувам да им вметнам идеа за тоа како да размислуваат кога прават една фотографија, со цел да бидат покративни. Сите се индивидуални, секој има свој сопствен стил, своја техника на фотографирање, па со искуството собрано во текот на годините можеш да препознаеш кој стил ти одговоара, што сакаш и што не сакаш и едноставно го споделуваш тоа искуство“, додава Лампрон.

 

На прањето кој е основниот критериум за добра фотографија, Лампрон вели дека ддноставно треба да имаш пасија за тоа. Многу луѓе правеле одлични фотографии, користејќи само телефон.

 

„90% е талент, а 10% припаѓа на опремата. Како што кажав, можеш да направиш одлична фотографија само со телефон, која ќе биде исто толку добра колку онаа направена со професионален апарат. Сè зависи од тоа како се припремаш и што сакаш да направиш. Навистина сето тоа е индивидуално. Има луѓе кои што имаат камери кои се премногу софистицирани, а кои не се воопшто добри фотографи, бидејќи едноставно ја немаат потребната пасија за работата. Можеш да бидеш добар со било која опрема, бидејќи опремата нема толкаво влијание колку што мислат луѓето“, додава Лампрон.

 

 

 

Лампрон вели дека едноставно ужива да работи со луѓе, а неговата работа немора да биде поврзана со фотографијата.

 

„Многу сакам да работам со луѓе кои што имаат иста пасија за фотографијата, како што имам јас. Тогаш можеме да размениме идеи и да креираме мрежа на контакти. Јас сè уште имам контакти од моите клубови за фотографија од пред 10 години, со кои редовно контактирам и разсменувам различни идеи до ден денес. Сè што работам како волонтер е поврзано околу помагање на луѓето и станување на дел од општеството. Прилеп е навистина убав град. Има доста можности да се прават различни работи, луѓето само треба да смислат како да бидат вклучени во нештата, а кога ќе се направи тоа, има можности без разлика каде се наоѓаш“, кажа Лампрон, кој додаде дека повторно ќе дојде тука за да ги едуцира младите фотографи.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи