ВИДЕО – СДСМ : Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваат во работата на Советот, а бесрамно го земаат советничкиот хонорар

Бојкотот, деструкцијата и делувањето спротивно на интересите на граѓаните што криминалната ВМРО-ДПМНЕ го спроведува во Советот на Општина Прилеп, се потврда за безидејноста и очајот во кој се длабоко заглавени ! Истакнаа на денешната прес конференциија од О.О. на СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Советниците на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваат во работата на Советот на Општина Прилеп, а бесрамно го земаат советничкиот хонорар од околу 15.000 денари.

 

Исто како и пратениците од нивната партија, на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, воопшто не им се важни иинтересите и потребите на граѓаните што ги претставуваат, туку единствено се грижат за сопствените џебови.

 

Побегнаа од седницата на Советот кога се обезбедуваше објект за стотина деца заболени од церебрална парализа ! Не гласаа и немаа слух за потребите на овие деца и нивните намачени родители.

 

Побегнаа и вчера кога Советот на општина Прилеп донесе одлука за воведување на бесплатен градски превоз за пензионерите. Не ги почитуваат ниту пензионериите, ниту нивните потреби.

 

Меѓутоа пред да побегнат од седниците, советниците на ВМРО-ДПМНЕ редовно се потпишуваат за подигнување на месечниот паушал. Ете тоа е лицемерието и лажната грижа на ВМРО-ДПМНЕ за своите сограѓани.

 

Наместо да работи за граѓаните ВМРО-ДПМНЕ сее популизам, омраза и поделби.

 

И покрај ваквата деструктивност на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ, Советот на Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, ќе продолжат со засилено темпо за исполнување на ветените проекти и мерки.

 

Веќе се обезбедени средства за приклучување на струја за граѓаните на населбата „Три Багреми“.

 

Обезбеден е објект и средства за опремување на Дневен центар за децата со церебрална парализа.

 

Во постапка е процедурата за обезбедување на средства за проширување на и подобрување на капацитетите за сместување деца во градинките и промена на дограмата во старскиот дом.

 

Асфалтирани се неколку улици, а се подготвува теренот и за многу други што ќе се асфалтираат ии тампонираат во наредниот период.

 

Граѓаните ја гледаат разликата помеѓу домаќинското работење на СДСМ и децениското коруптивно и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, за што се поднесени повеќе кривични пријави.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи