Запленети 300 килограми марихуана на граничниот премин „Богородица“, вредна 800 илјади евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Во акција на царинските служби на граничниот премин „Богородица“ запленети се 300 килограми марихуана со пазарна вредност од 800 илјади евра наменета за земјите во Западна Европа, информираше на прес-конференција директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

 

Тој посочи дека на 28 јануари осомничениот 36-годишен грчки државјанин управувал камион со грчки регистарски таблички, при влез пријавил за царинење дел од стоката натоварена во Атина и ориз од Камбоџа, а цариниците при претрес ја откриле марихуаната.

 

 

При прегледот на стоката, велат оттаму, сместена во полуприколката од возилото, царинските службеници забележале 4 дрвени палети на кои биле сместени вкупно 95 полиетиленски вреќи, кои според фактурата требало да бидат наполнети со ориз. По отворањето на сите вреќи, во дел од нив  скриени низ оризот, пронајдени биле вкупно 75 алуминиумски вреќи обвиткани со проѕирна стреч фолија наполнети со марихуана со тежина од околу 300 килограми.

 

 

Освен вреќите со ориз и дрога, гркот превезувал и облека, рутери, канти поликолор и друга трговска стока. Дел од стоката требало да заврши во Германија. Крајна дестинација за вреќите со ориз и марихуана кои биле натоварени во Камбоџа, била Холандија.

 

Осомничениот е лишен од слобода, а Царинската управа поднела кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи