Општина Прилеп : Сите изборни ветувања, поточно Програмата на градоначалникот Јованоски, се реализира чекор по чекор

Разбирливо е што советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Прилеп, немаат информации за работата на новата локална власт и градоначалникот Илија Јованоски. Зашто се занимаваат со политиканство, наместо да ги застапуваат интересите на граѓаните што им дале доверба, за што впрочем земаат незаработени, 15.000 денари месечен надоместок по советник. Велат од Општина Прилеп во демантот кој доаѓа по денешната прес конференција на претседателот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.

 

Демантот го пренесуваме во целост.

 

Но, ова не е изненадување ниту за новата локална гарнитура, ниту за градоначалникот Илија Јованоски. Координаторот на советничката група и на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, свесен дека  доживеаја невидено фијаско на локалните избори, целата енергија ја насочува кон тоа, со популизам да го задржи вниманието на делот од членството што секојдневно им се десеткува. Оттука, во отсуство на факти, речиси секојдневно се презентираат невистини и спинови.

 

На посебна прес конференција, наскоро, градоначалникот Јованоски ќе ги презентира своите проекти на коишто е фокусиран, тој и новата локална гарнитура изминативе три месеци. Во оваа прилика, повторно ќе потенцираме дека изборните ветувања, поточно Програмата на градоначалникот Јованоски, се реализира чекор по чекор.

 

Впрочем како што беше ветено, донесени се мерки и преземени конкретни активности:

 

  • За сите пензионери воведен е бесплатен превоз, секој работен ден од 9-11 часот,

 

 

  • Се воведува превоз за сите ученици од населбата „Три багреми“, улиците „Моравска“ и „Дабничка“,

 

 

  • Утре ќе биде потпишан Договорот со ЕВН за инсталирање трафостаница за квалитетно електро напојување на сите жители од населбата „Три багреми“,

 

 

  • Се преземаат активности за копање бунар, со што ќе се подобри водоснабдувањето во населбата,

 

 

  • Отстранети се низа дефекти во водоводната мрежа,

 

 

  • Се врши евиденција на домаќинствата со цел легализација на нивните домови, што е чекор напред т.е. услов кон урбанизација на оваа населба со дивоградби…

 

 

  • Низа други помали активности во функција на подобрување на квалитетот на животот на овие жители, коишто досега 12 години беа оставени на маргините од претходната локална власт и претходниот градоначалник Марјан Ристески.

 

 

  • Се санираат сите ударни дупки во градот, коишто личат на кратери, поради што возачите трпат големи штети,а власта на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да ги санира со години…

 

 

  • Посебно место во агендата на градоначалникот Јованоски имаат јавните претпријатија. Сите јавни претпријатија поради недомаќинските раководства од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата трпат штети. Трошени се со години народни пари, а фирмите свесно носени во загуби. Самоволието на директорите именувани од претходната народна власт одело дотаму што криеле извршни решенија во фиоки со години. При тоа штителе и медиумски работници, кои не ги плаќале своите сметките со години, а во спрега со ВМРО-ДПМНЕ кроеле лажна розова слика за реалноста една деценија и повеќе.

 

 

  • Познат е веќе случајот за прилепски „Водовод и канализација“, каде поранешниот директор Сашо Николоски ја оштетил фирмата за 120.000 евра.

 

 

  • Домот за стари лица, каде што ексдиректорката Ирена Стерјовска Локвенец била именувана и спротивно на објавениот оглас. А, штитениците и во времето на Дарко Рибароски се оставани без лекови, квалитетна храна, топла вода, живот во невидена нехигиена.

 

  • Јавното претпријатие „Комуналец“, каде што фирмата трпи огромни штети само од хировите на ексдиректорот Златко Ристески, кој им ги крател правата на вработените по Колективен договор и спротивно на Законот за работни односи. Тоа е причина што половина од вработените, т.е. 170 т.е. работници го тужат „Комуналец“, наплаќаат побарувања со извршни решенија, во милионски суми, наместо овие народни пари да бидат вложени во нови инвестиции. Во тек се и други кривични предмети.

 

 

  • Јавното претпријатие „Пазари“ е посебна приказна. Доправа ќе се открива приказната за продажбата на „Млечниот пазар“ во Прилеп и диловите на претходната власт и Марјан Ристески.

 

Според тоа, несфатливо е за што всушност говори координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

 

Општина Прилеп негува надежи дека тој и неговите сопартијци ќе се вратат во Советот и ќе ги оправдаат народните пари што ги добиваат, бидејќи јавноста особено нивните гласачи, ја очекуваат вистината:

 

Зошто ВМРО-ДПМНЕ со своите кадри и недомаќинско работење предизвикаа вакви штети на јавните претпријатија?

 

Да напоменеме дека долговите од 3.5 милиони евра оставени од претходната локална власт и Марјан Ристески, за оваа власт и градоначалникот Илија Јованоски нема да бидат кочница да ги реализира своите проекти, за доброто на градот и своите сограѓани. “, велат од Општина Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи