СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ остави пустош од невидени размери на секое поле во Прилеп

После 12 години криминал, корупција, местење тендери, рекет и  уништување човечки судбини, ВМРО-ДПМНЕ остави пустош од невидени размери на секое поле! Велат во соопштението од О.О. на СДСМ Прилеп, кое доаѓа како реакција на денешната прес конференција на претседателот на О.К.на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески.

 

Соопштението го пренесуваме во целост.

 

„Нивните деструктивни политики ги демонстрираат и сега кога директно работат против интересите на граѓаните во Советот на Општина Прилеп. Оставија уништена патна инфраструктура, раскопани улици со дупки длабоки како „кратери“.

 

Оставија уништени цели 12 генерации млади прилепчани, кои масовно го напуштаа Прилеп!

 

Оставија уништена економија и стотици затворени фирми, кои не можеа да го издржат притисокот од нарачаните инспекции и казни!

 

Оставија уништено и партизирано здравство.  Впрочем, координаторот на ДПМНЕ Прилеп, Петар Ристески, како поранешен директор на прилепската болница и здравствениот дом, најдобро знае за тоа. Самиот им порача на вработените „Никој не е вработен во болницата дека е многу способен, туку дека е партиски член“!

 

Знае добро и Марјан Ристески, затоа што ја наполнил Општина Прилеп со партиски кадри и со години ги држел на договори на дело без да им го реши работниот статус! Со години ја злоупотребувал функцијата градоначалник за што се поднесени кривични пријави и се чека судска разврска!

 

Знаат и Ирена Стерјовска – Локвенец и Дарко Рибароски како поранешни директори на старскиот дом, за коишто е поднесената кривична пријава со индиции за сторен финансиски криминал од 300.000 денари со парите од домот!

Граѓаните бараат правда! Затоа, ќе има затвор за криминалците, ама ќе има и конфискација на целиот криминално стекнат имот.

 

Јасно и гласно порачуваме, после ВМРО-ДПМНЕ на Прилеп нема да му се случи потоп! Иако оваа криминална партија работи на тоа!

 

Локалната власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски, а поддржана од Владата на Република Македонија, работи на сите ветени проекти.

Обезбедени се 2.5 милиони денари за струја и други градежни активности за жителите од населбата „Три багреми“.

 

Обезбеден е објект и средства за Дневен центар за децата со церебрална парализа во Прилеп.

 

Воведен е бесплатен градски превоз за пензионерите!

 

Асфалтирани се неколку улици, а се подготвуваат за тампонирање и асфалтирање уште многу други.

 

Граѓаните конечно гледаат како изгледа отворена и транспарента општина, затоа што се директно вклучени во „граѓанскиот парламент“ и учествуваат во донесувањето на приоритетите за трошење на буџетот.

 

Прилеп ќе биде развиена Општина со живот за сите граѓани. Зборот е збор!“, велат од О.О. на СДСМ Прилеп.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи