Столтенберг: Македонија ќе добие покана во НАТО откако ќе го реши спорот со името

Facebook
Twitter
Email
Print

НАТО ќе испрати покана на Македонија за членство во Алијансата по заеднички договореното решение за спорот за името во рамки на ОН, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг за денешното издание на белградскиот весник „Политика“.

 

„Многу се радувам што месецов го посетив Скопје. Продолжуваме да ја поддржуваме земјата на патот на нејзиното пристапување кон НАТО и искрено сакаме да успее. Ова е во согласност со одлуката од самитот во Букурешт од 2008 година, што значи дека сојузниците се согласуваат НАТО да испрати покана за членство на Скопје во алијансата по постигнувањето заедничко решение за спорот за името во рамките на Обединетите нации. Неодамна видовме позитивен импулс за ова прашање“, рече Столтенберг.

 

Тој вели дека Алијансата останува посветена на поддршката на Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и сакаме земјата да успее во тоа, додавајќи дека има позитивен импулс за прашањето за името.

 

Во врска со безбедоносната состојба на Западен Балкан, генералниот секретар на НАТО констатира дека тоа е регион од стратешко значење за Алијансата.

 

„Остануваме целосно ангажирани, а тоа помага во промовирањето на стабилноста во регионот. Ние ја гледаме иднината на регионот во евроатланската соработка и на интеграција за оние кои го тоа сакаат. Секој народ има право да одлучи за својата иднина и да избере свои политички и безбедносни мерки. Ова е основен принцип на европската безбедност – тоа е принцип кој Русија исто така го потпиша и треба да го почитува. Проширувањето на НАТО, не е насочено против Русија“, вели Столтенберг.

 

Натаму, во интервјуто за „Политика“ посочува дека две земји од Западен Балкан се стремат да се приклучат на Алијансата и оти „НАТО ги поддржува аспирациите и на двете и соработува со пријателите во Скопје и Сараево, за да им помогнеме на нивниот пат кон членството во НАТО.“

 

Столтемберг истакна и дека Алијансата ја почитува воената неутралност на Србија и е посветена на јакнење на партнерството со оваа земја.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи