Билетите за Реал – ПСЖ на црно достигнале цена од 24.000 евра

Facebook
Twitter
Email
Print

Финалето пред финале во фудбалската Лига на шампиони е, секако, дуелот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ. Сезоната во елитното натпреварување на УЕФА продолжува за две недели, а Шпанија веќе е во „треска“ за билет за првиот осминафинален судир на шпанскиот и францускиот гигант на 14 февруари. Според пишувања на медиуми на Пиринеите, парче хартија за влез на „Сантијаго Бернабеу“ достигнува неверојатни 24,080 евра кај препродавачите.

 

Влезниците во слободна продажба беа откупени за 40 минути, па оние кои немаа среќа да обезбедат место на трибините на регуларен начин се обидуваат кај препродавачите. Помалку популарните позиции на стадионот може да се најдат за 300 евра на црно додека „луксузните“ одат и до 24.000 евра.

 

„Кралскиот“ клуб константно води борба со препродавачите на влезници. Претседателот Флорентино Перез заговара жестоки казни за лицата што ќе бидат фатени како препродаваат билети, а како една од мерките е забрана за влез на „Сантијаго Бернабеу“.

 

Реал Мадрид и ПСЖ без сомнение ќе бидат актери на двомеч што е од исклучително значење за двата клуба. Лигата на шампиони се гледа како единствен начин за спас на сезоната на „кралевите“ и на Зинедин Зидан, но и за „светците“ кои потрошија 400 милиони евра за трансфер на само двајца играчи – Нејмар и Мбапе.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи