Северна Кореја заработила речиси 200 милиони долари и покрај санкциите

Facebook
Twitter
Email
Print

Северна Кореја заработила вкупно 200 милиони долари во 2017 година поради извоз на стоки, што е кршење на санкциите на ОН, а згора на тоа продавала оружје на Сирија и Мјанмар. Ова се наведува во доверлив извештај на независни експерти подготвени од меѓународната организација, објави Ројтерс.

 

Експертската комисија која работеше на извештајот објави дека Пјонгјанг ги прекршил санкциите на ОН со извоз на јаглен, железо, челик и други производи што ги забранува ова тело. Во извештајот се вели дека испораките на јаглен биле испорачани во Русија, Кина, Малезија, Јужна Кореја и Виетнам со бродови користејќи “комбинација од повеќе техники за даночна евазија и техники за мамење”.

 

„Северна Кореја веќе ги запостави повеќето од неодамнешните резолуции со користење на меѓународни мрежи за снабдување со нафта, странски партнери, оф-шор компании и меѓународниот банкарски систем“, се вели во извештајот од 213 страници.

 

Пратките биле направени со лажни документи кои ги покажаа Русија и Кина како земји на потекло наместо Северна Кореја, се вели во извештајот. Комисијата на ОН, исто така, ги испитуваше случаите на пренос на нафтени продукти од бродови до бродови и притоа утврдила дека мрежата зад овие бродови првенствено се наоѓа во провинцијата Тајван во Кина.

 

Експертите велат дека ја проучувале и сегашната соработка со Мјанмар во областа на балистичките ракети и со Сирија околу хемиското оружје, вклучувајќи над 40 непријавени пратки од Северна Кореја во Сирија за време на 2012-2017 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи