Москва затрупана во снег, невиден во последниве 100 години

Facebook
Twitter
Email
Print

Снежните врнежи во Москва се најобилните во последниве 100 години, соопшти кабинетот на московскиот градоначалник, бидејќи од повеќекратните бури за два дена во главниот град на Русија наврнале 45 сантиметри снег.

 

Количината снег што последните два дена падна во Москва, според кабинетот на градоначалникот, е просекот колку што врне снег за цел Февруари.

 

За едно деноноќие од улиците на Москва се исчистени 1.200.000 кубни метри снег, соопшти денеска пред новинарите заменик-градоначалникот Пјотр Бируков.

 

Според прогнозите денес треба да наврнат дополнителни 15 до 20 сантиметри снег.

 

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собианин, преку Твитер информираше дека над 2.000 дрва паднале во Москва поради големите врнежи и снегот.

 

Поради снежниот ден во руската престолнина се случија и десетици сообраќајни несреќи во кои повредени биле над 20 луѓе. Над 100 лета беа одложени или откажани денес на трите поголеми аеродроми во Москва. Илјадници градски работници цело време работеа за да ги одржат патиштата и метро системот проодни.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи