Без дозвола за работа може да останат Алфа, ТВ Сонце, Сител 3 и Радио Слободна Македонија

На четири радиодифузери им се заканува одземање на годишните дозволи за радиодифузна дејност затоа што ја немаат платено фактурата за радиско или телевизиско емитување. Меѓу медиумите се Алфа ТВ, ТВ Сонце, Радио Слободна Македонија и Сител 3.

 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на утрешната седница ќе одлучува по предлозите за покренување постапки за одземање на дозволата за телевизиско и радио емитување.

 

Откако ќе се почне постапката, на радиодифузерите им се дава рок од 15 дена да ги подмират обврските.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.