Јункер: Пред прием во ЕУ, балканските земји да ги решат граничните спорови

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска пред европратениците изјави дека ниту една земја од Балканот нема да биде примена во ЕУ пред да ги реши сите гранични спорови со соседите.

 

„Нема да се случи да се каже дека тоа ќе се решава откако ќе се влезе во ЕУ. Проблемите мора да бидат решени пред пристапување или нема да има натамошно проширување“, изјави Јункер.

 

Тој истакна дека 2025 година не е година кога Црна Гора и Србија „мора“ да бидат во ЕУ, туку тоа е индикативен датум и охрабрување за тие земји, кои најмногу напредувале на патот кон Унијата.

 

„Сакаме да видиме проширување на Западен Балкан, но не сакаме да видиме влез без исполнување на условите. Тие сè уште не ги исполниле условите, а некои земји се далеку од тоа“, додаде Јункер пред eвропарламентот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.