Даноски го засилува нападот на Победа!

Facebook
Twitter
Email
Print

Крилниот напаѓач Зоран Даноски по 6 години минати во Чешка се враќа во Макеоднија и во пролетната полусезона ќе настапува за прилепска Победа.

Со ангажманот на 27-годишниот Даноски тренерот на Победа Бубања добива квалитетен офанзивец и силен адут во напаѓачката формација на црвено-белите од која напролет се очекува далеку поголема ефикасност за разлика од есенската полусезона.

Даноски во есенската полусезона настапуваше за Прибрам во чешката Втора лига, каде на 15 натпревари постигна 4 гола. Во кариерата настапувал за Кожуф, од каде прави трансфер во чешки Мост, па во Прибрам, а како позајмен од овој чешки клуб настапуваше за скопски Металург, Тиквеш Кавадарци и хрватски Интер Запрешиќ. 


Даноски е шестото засилување на Победа за пролетниот дел во првенството. Прилепчани досега ги ангажираа: голманот Дарко Тофилоски, Иван Ивановиќ, Аљтин Лога, Никола Јаќимовиќ и младиот Благоја Спиркоски, а голема придобивка е останувањето во клубот на еден од најдобрите фудбалери Филип Најдовски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи