САД ја одобри продажбата на 200 офанзивни и дефанзивни ракети на Финска, која не е членка на НАТО и се граничи со Русија, пренесе „Франс прес“, цитирајќи го „Стејт департментот“.
Ракетите, во вредност од над 700 милиони долари, се земја-вода „Harpoon“ наменети за распоредување на финските воени бродови или за противракетна одбрана на брегот, и проектили „Sparrow“, наменети за борбените бродови од новата генерација кои Финска ќе ги купи во 2020-та година.
За прв пат нордиска земја купува такви ракети кои без проблем ќе ги интегрира во своите одбранбени системи, посочи „Стејт департментот“.
Продажбата на ракетите на Финска – земјата од Европската унија, која има најдолга граница со Русија, се случува во момент кога односите меѓу Москва и Западот се во најниската точка по Студената војна.
Литванија ја обвини вчера Русија дека распоредила ракети во енклавата Калининград, способни да носат нуклеарни полнења, пренесе „АР“.
Литванската претседателка Далија Грибаускаите изјави за новинарите дека ракетите „Iskaneder“ се за постојано во Калининград, додека ние разговараме. Таа рече дека овие проектили претставуваат закана не само за Литванија, туку и за половина од европските земји. Заменик-генералниот секретар на НАТО, Роуз Готемолер, која заедно со Грибаускаите ги посети војниците на НАТО во литванскиот град Рукла, рече дека ако пораките од претседателката се вистина „тоа е многу сериозен проблем“, додава „АР“.