ВИДЕО : Владата не ја открива географската одредница во името

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција рече дека не се разговара за отстранување на членови на уставот и го повтори ставот на премиерот Зоран Заев дека сме подготвени за географска одредница во името, но не откри за која одредница станува збор.

 

„Преговорите се од сериозно значење за Република Македонија. Нема што да додадам од тоа што го кажа премиерот Заев дека сме подготвени за географска одредница“, рече Бошњаковски.

 

На новинарското прашање дали се точни информациите дека се бара или се разговара за отстранување на двата члена, тој рече дека во процесот на преговори околу името во моментов не се разговара за отстранување на членовите 3 и 49 во Уставот, кои се однесуваат државните граници и македонските малцинства во други земји.

 

 

Бошњаковски немаше коментар ниту за останатите прашања поврзани со преговорите за името и додаде дека нема да шпекулираат со информациите што се објавени во медиумите.

 

Тој не одговори ниту за информациите дека македонската страна ги прифатила сите барања при средбата на македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас во Давос и рече дека тоа што било разговарано било кажано транспарентно и на тогашната заедничка прес-конференција на премиерите и преку владините соопштенија.

 

„Тоа што е направено во Давос е сериозен исчекор кон пронаоѓање на решение на проблемот којшто Република Грција го има со нашето уставно име Република Македонија“, изјави Бошњаковски и додаде дека сè уште не е закажана нова средба на премиерите Заев и Ципрас.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи