ФИА ја објави листата на пилоти и тимови за сезоната 2018

Facebook
Twitter
Email
Print

Непосредно пред почетокот на предсезонските тестови во Формула 1 од ФИА ја објавија комплетната листа со тимовите и пилотите кои оваа година ќе се наредат на стартната линија.

 

Во новата сезона, која ќе содржи 21 натпревар, своето деби ќе го направат двајца пилоти – тоа се Шарл Леклер и Сергеј Сироткин. Русинот потпиша договор со Вилијамс и ќе соработува со Ленс Строл, а Шарл ќе вози Заубер со број 16.

 

И кога стана збор за Заубер – од оваа година тимот официјално се нарекува „Alfa Romeo Sauber F1 Team“. Автомобилот ќе биде во боите на својот нов спонзор и ќе биде промовиран на 20-ти февруари.

 

Со промени во имињата се и други тимови: Ред Бул стануваат „Aston Martin Red Bull Racing“, а Торо Росо ќе се „Red Bull Toro Rosso Honda“.

 

Од листата на ФИА, станува јасно дека Форс Индија се уште не се изјасниле дали ќе го заменат името и се очекува да кажат кога ќе го претстават овогодинешниот болид – настан за кој се уште нема потврден датум.

 

Пилоти и тимови за новата Формула 1 сезона:

 

 8 Ромен Грожан, Хас
20 Кевин Магнусен, Хас

14 Фернандо Алонсо, Мекларен
2 Стофел Вандорн, Мекларен

44 Луис Хамилтон, Мерцедес-АМГ Петронас
77 Валтери Ботас, Мерцедес-АМГ Петронас

3 Даниел Рикардо, Астон Мартин Ред Бул
33 Макс Верстапен, Астон Мартин Ред Бул

27 Нико Хулкенберг, Рено Спорт
55 Карлос Саинц, Рено Спорт

11 Серхио Перез, Форс Индија
31 Естебан Окон, Форс Индија

9 Маркус Ериксон, Алфа Ромео Саубер
16 Шарл Леклер, Алфа Ромео Саубер

5 Себастијан Фетел, Скудерија Ферари
7 Кими Раиконен, Скудерија Ферари

10 Пјер Гасли, Ред Бул Торо Росо Хонда
28 Брендан Хартли, Ред Бул Торо Росо Хонда

18 Ленс Строл, Вилијамс Мартини
35 Сергеј Сироткин, Вилијамс Мартини трки.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи