Се ближи Прочка и веќе ја имаме маската на годината за само 4 месеци. Ја заслужи градоначалникот на Општина Прилеп, во краток период. Сè што кажа во овие 4 месеци, а и во предизборието, излажа. Рекоа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„На неговите лаги, повеќе не верува ни скапо платениот пи-ар тим. Дали е вистина, господине Јованоски, дека за тие тројца луѓе од општинската каса се издвојуваат 72.000 денари месечно. Овие три пи-ар експерти му напишале дека Прилеп е најзадолжена општина во Република Македонија со 3.5 милиони евра и дека поради таа презадолженост тој тешко ќе функционирал.
Но, бидејќи ретко е во градов, заборавил дека постои Министерство за финансии и официјални податоци. Еве ја табелата од министерството за најзадолжени општини, со точен редослен и сума на долгови, а во текот на вчерашниот ден беше објавена во весникот Капитал.
На оваа листа се објавени 20-те најзадолжени, а Прилеп го нема на листата од Тевдовски. Општина Дебар е 20-та по ред со 1.2 милиони долг. Значи по размислувањето и пресметките на Јованоски, и по неговиот обид да ја лаже прилепската јавност, Прилеп би требало во неговите желби да е многу погоре на таа листа. Но за негова и за жал на пи-ар експертите кои го заглавуваат во жива кал од лаги секој ден, не е така.
Следниот пат му предлагаме да се фокусира на ветеното и да се зафати за работа.
Да ја намали водата за 20%, да вработува по критериум квалитет како што вети, а излажа, да го гасифицира Прилеп, да направи затворен базен, нов театар и многу други ветувања.
Да го потсетиме дека благодарение на него, Прилеп веќе нема ракомет. Јованоски за 4 месеци го уништи Прилеп.
Лагите и манипулациите придонесуваат секој ден да расте бројот на луѓе разочарани од него.
Ако тој сака да се пензионира од оваа функција и да ужива, да го потсетиме дека Прилеп не е за во пензија. Прилеп е град кој почна да се развива и треба да го продолжи тоа. Но за жал, Јованоски веќе покажа како се уништува европски град.“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.