ВИДЕО – Кузески : Излезот за „Еурокомпозит“ е во продажба на странски инвеститор

Најдоброто и единствено решение за излез од кризата на „Еурокомпозит“ е негова продажба на странски инвеститор. Додека се случи тоа вработените мора да работат за да добиваат барем дел финансиски средтсва. Ова е ставот на генералниот директор на „Еурокомпозит“ Александар Кузески по денешниот штрајк на вработените во оваа државна компанија. Кузески вели дека тие како менаџерски тим испратиле до Владата повеќе предлог решенија за излез од кризата.

 

 

„Еден од тие предлози е постигнување на социјален договор со вработените кој подразбиира исплата на заостанатите платии и придонеси кои не се исплатени од 2012 година. Проширување на законот за материјално обештетување за лица вработени во компании со доминантна државна сопственост, во кои бии влегле и вработените во „Еурокомпозит“. Оваа година бројот на вработени кои гии исполнуваат условите по тој закон што беше тогаш донесен е скоро половина, околу 125 вработени, тоа значително би го олеснило функционирањето на компанијата и бии можело да се регрутираат нови млади кадри, но за да сето тоа се постигне, а фабриката да остане и понатаму во државна сопственост ќе треба да се вложи во развој на нови производи. За тоа имаме знаење и стручни лица кои знаат тоа да го иимплементираат. Друга варијанта би била влез на странски инвеститор или странски партнер, кој дали 100% или дел би ја купил фабриката. Секако и тоа да се случи ќе треба да се направи некаков договор со вработените, односно изнаоѓање на некое адекватно социјално решение. Владата најмногу е заинтересирана за вториот предлог за продажба на странски инвеститор затоа што се докажа дека државата не може да биде добар стопанственик. Има доста компаниии кои се заинтересирани и кои одат во Влада, доаѓаат и тука. Заинтересирани се за ова производство бидејќи имаме квалитетен производ“, истакна Александар Кузески, генерален директор на „Еурокомпозит“.

 

Кузески истакна дека не е надлежен во моментов да каже дали наскоро компанијата ќе се понуди за продажба и како ќе биде сето тоа изведено.

 

„Повторно ќе започнеме разговор како менаџерски тим со вработените, мислам дека најдобро е за нив до изнаоѓање на трајно решение ние да продолжиме да работиме за да колку толку можеме да ја одржиме фабриката во живот и да држиме еден позитивен имиџ за компанијата за потенцијалните купувачи. И со оваа работа што ја имаме сега може да се исплаќаат дел од платите, не на начин како што тоа треба да биде бруто плата, меѓутоа дел од плата може да се добива, а тоа според мене е подобро од воопшто да не се зема плата“, додаде Кузески.

 

Инаку „Еурокомпозит“ е единствен останат загубар во сопственост на државата. Според Кузески Владата работела на изнаоѓање на решение. Моментално како компанија работеле за Министерството за внатрешнии работи и за странски партнери. Купувачите биле задоволни од производите, но непостојаноста на „Еурокомпозит“ кај нив создавала потреба тие да си бараат други фирми кои ја произведуваат оваа опрема.

 

Кузески нагласи дека откако тој бил дојден на директорската позиција, веќе 5 месеци, биле исплатени неколку аванси од заостанати плати, кои биле во линеарен износ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи