Турција ќе ги зголеми овластувањата на Радиодифузното тело за контрола на радијата и телевизиите, за да ги вклучи и интернет медиумите.
Тоа се предвидува во предлог- законот, што синоќа беше доставен до Парламентот, а за кој главната опозициска партија смета дека ќе довде до дигитална цензура.
Регулативата ќе му овозможи на контролниот орган да спречи аудио и видео материјали на интернет, објави на социјалните медиуми и филмови, ако контролорот заклучи дека материјалите претставуваат закана за националната безбедност или пак шират неморал.