Продажбата на дресот со името на Санчез руши рекорди

Facebook
Twitter
Email
Print

Манчестер Јунајтед оваа зима на финансиски план одработи одлично. Имено, „црвените ѓаволи“ објавија дека најновото засилување Алексис Санчез го срушил рекордот по бројот на продадени дресови од доаѓањето на „Олд Трафорд“.

 

Чилеанецот пристигна од Арсенал овој јануари и продаде три пати повеќе дресови од претходниот рекорд на клубот од Манчестер.

 

Освен тоа профитабилно достигнување, 29-годишниот играч, според зборовите на Вудвард предизвикал и голем интерес на друштвените мрежи.

 

„Овој трансфер беше најголема објава на Јунајтед на Инстаграм со повеќе од два милиони коментари. Исто така, статусот на фејсбук беше споделен најмногу пати во историјата на клубот, а имаше и најмногу ре-твитови. Ако треба да направиме споредба, постот генерира 75% повеќе дејства во споредба со веста за трансферот на Нејмар од Барса во ПСЖ“, вели тој.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи