Победа го ангажираше десеттото засилување во зимскиот преоден рок. Нов член на црвено-белите е српскиот фудбалер Стефан Грбовиќ.
„Станува збор за млад 23-годишен дефанзивец кој настапува на позицијата десен бек и стопер кој доаѓа во Победа од редовите на Телеоптик (филијалата на Партизан). Грбовиќ, кој е роден во Крагујевац, од 10-годишна возраст е член на Партизан, каде ги минал сите селекции на црно-белите, а има повеќе настапи за младите селекции на Србија“, соопштуваат од ФК Победа.