За учениците од населбата „Тризла“ организиран бесплатен превоз

Околу 110 деца од месноста „Три багреми“ и улиците „Моравска“ и „Дабничка“  во населбата „Тризла“ од утре ќе имаат бесплатен училиштен превоз. Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање ЈП (ПУП) воведе посебена линија за овие ученици.

 

„Од 06:30ч. изутрината за учениците од прва смена, па од 12:30ч. за учениците од попладневната смена организиран е бесплатен превоз во два правца. Навечер по часовите од 18:30ч. учениците повторно организирано ќе бидат вратени назад. Опфатени сесите ученици од прво до осмо одделение што учат во основното училиште ‘Добре Јованоски“, изјави Славе Петрески, директор на ЈП ПУП.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.