Адвокатот на Трамп тврди дека на порно глумицата ѝ исплатил 130.000 долари од свој џеб

Facebook
Twitter
Email
Print

Личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп изјави вчера дека ѝ платил 130.000 долари од свој џеб на порно глумицата која изјави дека имала сексуален однос со Трамп во 2006, во соопштение испратено до Њујорк тајмс.

 

Адвокатот Мајкл Коен истакна дека Трамп не му го вратил износот исплатен на Стефани Клифорд, во порнографската индустрија позната како Сторми Даниелс. Плаќањето биле легално, додаде Коен, кој не наведе причина за исплатата.

 

Коен во пишана изјава за весникот „Њујорк тајмс“ наведе дека ниту организацијата „Трамп“ ниту луѓето задолжени за претседателската кампања немале врска со исплатата на парите кои ѝ ги дал на Клифорд.

 

Аферата ја објави весникот „Волстрит џурнал“ , кој напиша дека адвокатот Коен ја платил порно-глумицата за да ја замолчи. Американските медиуми пренесоа оти исплатата е извршена еден месец пред претседателските избори во САД во ноември 2016 година за наводите за сексуалниот однос со Трамп, тогаш бизнисмен, да не стигнат во јавноста.

 

Стефани Клифорд изјави дека имала сексуални односи со Трамп во јули, 2006 година, после еден голф турнир на езерото Тахо, во туристичката област помеѓу државите Калифорнија и Невада.

 

Белата куќа ја демантираше информацијата наведувајќи дека тоа „се стари и рециклирани информации, кои се објавени и демантирани пред изборите“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи