Доживотен затвор за извршителот на нападите во Њујорк и Њу Џерси

Facebook
Twitter
Email
Print

Американецот со авганистанско потекло Ахмад Рахими е осуден на две казни доживотен затвор за бомбашките напади, кои ги изведе во септември 2016 година во Њу Џерси и Њујорк.

 

Истрагата утврди дека на 17 септември 2016 година тој поставил бомба во Њу Џерси, која требало да експлодира за време на маратонот кој се одржувал во градот. Потоа Рахими заминал во Њујорк каде поставил две рачно изработени бомби во квартот Челси на Менхетн. Едната бомба не експлодирала, но при експлозијата на втората – поставена во канта за смет, беа повредени 31 лице.

 

Рахими беше прогласен за виновен по осум обвиненија, меѓу кои и за поставување бомба на јавно место како и користење оружје за масовно уништување.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи