Кејн почна да руши рекорди и во Лигата на шампионите

Facebook
Twitter
Email
Print

Откако пред две недели стана најмлад фудбалер со 100 постигнати погодоци во Премиер лигата, Хари Кејн почна да се докажува и на меѓународна сцена.

 

Голот што англискиот напаѓач го постигна во Торино против Јувентус му беше вкупно деветти во Лигата на шампионите, а седми оваа сезона. Вистина е дека многу фудбалери во својата кариера постигнувале повеќе голови во ова натпреварување, но никој немал подобар старт како 24 годишниот Англичанец.

 

Кејн во Лигата на шампионите одиграл само девет натпревари и во просек постигнува по еден гол на натпревар. Со девет голови од исто толку настапи Кејн стана фудбалер со најдобар индивидуален старт во ова натпреварување.

 

Англискиот напаѓач така зад себе ги остави Роналдињо, Дрогба, Диего Коста, Инзаги кои на првите пет натпревари постигнуваа по осум голови во Лигата на шампионите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи