ВИДЕО – Богданоски : Анѓушев не понуди конкретно решение за проблемот со „Еурокомпозит“

Вицепремиерот Кочо Анѓушев не ни понуди конкретно решение за проблем со „Еуркомпозит“, бидејќи истото што вчера ни го кажа тој ни го вети и пред 6 месеци. На таа средба тогаш ни вети дека до Нова Година ќе се реши проблемот, но од тоа еве не излезе ништо. Ова денеска го изјави претседателот на синдикалната организација на „Еурокомпозит“, Роберт Богданоски, кој вчера заедно со дел од вработените заедно со директорите остварија средба со Анѓушев.

 

 

„Анѓушев ни кажа дека имало излез, но требало да чекаме 6 месеци. Да се најде купувач за фирмата, да се средат сите побарувања и да се реши проблемот. Во меѓувреме понуди директорите да направат план за работа како ние да земаме редовно во тие 6 месеци бруто плата. Имаше повеќе варијанти за тоа, едната беше ние да се префрлиме од оваа во друга фирма, за да земаме редовно бруто плата. Тоа ние ќе го разгледаме колку е изводливо и прифатливо затоа што се плашиме дека со еден таков чекор ќе ги изгубиме побарувањата за придонеси од „Еурокомпозит“. Важно Анѓушев не излезе со конкретно решение за нашиот проблем, бидејќи истово ова тој ни го вети пред 6 месеци. На таа средба тогаш ни го вети истото што го кажа вчера дека до Нова Година ќе се реши проблемот, ништо не се постигна. Ние ова му го кажавме на вработените, им оставивме време да размислат до утре дали ќе прифатат да работат под овие услови во овие 6 месеци или ќе продолжиме со штрајкот“, рече Богданоски.

 

Богданоски истакна дека Анѓушев им кажал дека тој лично неможел да го реши проблемот и целата процедура морала да помине на Влада. Исто така Анѓушев не им кажал конкретно зошто баш токму 6 месеци треба да чекаат за да се реши проблемот. Вработените велат дека со тоа само се купува време.

 

„Исто така не ни беше кажано дали има конкретно заинтересиран некој странски инвеститор за нас. Во последниве 10 до 15 години нас истото ни се кажува дека има инвеститори, дека се заинтересирани за нас, но еве како што гледате ниту некој дошол, ниту некој не купил. Колку и да е вистина ова што го кажува Анѓушев народот не верува во тоа повеќе се додека не се оствари нешто реално“, додаде Богданоски.

 

На средбата било разговарано и за кривичните пријави кои вработените ги поднесоа против директорите, на тоа Анѓушев им одговорил дека ќе ги разгледа сите документи и ќе излезел со конкретен став.

 

„Ние сме регистрирани во 2 фирми, 6 саати сме осигурани во „Еурокомпозит“ каде што не земаме бруто плата и 2 часа сме осигурани „Композитна опрема“ сме осигурани 2 часа. Сега тие сакаат сите да се префрлиме на 8 часа во „Композитна опрема“. Тоа ние треба да го разгледаме дали е правно можнмо и колку тоа ќе биде во наша корист воопшто“, додаде Богданоски.

 

Исто така не им било конкретно ветено дали оние вработени што се на возраст од 60 до 64 години ќе може да одат технолошки вишок.

 

Богданоски вели дека штрајкот не е прекинат тој продолжувал и понатаму се додека вработените не одлучат што понатаму. Конкретната одлука ќе ја соопштеле утре.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи