Германската влада размислува за воведување бесплатен јавен превоз во градовите за да се подобри квалитетот на воздухот.
Потегот доаѓа две години по големиот скандал со лажните тестови за издувни гасови на Фолксваген, кои поттикнаа револт и бес кон автомобилската индустрија, еден од темелите на германскиот просперитет.
„Размислуваме за тоа јавниот превоз да биде бесплатен за да се намали бројот на личните возила во сообраќајот“, се вели во писмото што го испратила министерката за животна средина Барбара Хендрикс, министерот за транспорт Кристијан Шмит и министерот за финансии Питер Алтмаиер до еврокомесарот за животна средина Кармену Вели.
Преземање акција по ова еколошко прашање е потребно многу скоро, бидејќи Германија заедно со осум други земји членки на Европската Унија, меѓу кои и Шпанија, Франција и Италија, го преминаа рокот од 30-ти јануари до кој мораа да ги запазат лимитите на Унијата за азот-диоксид и суспендирани честички (ПМ).
Загадување, кое е опасно по животот, опфаќа повеќе од 130 градови во Европа според информации на Комисијата, предизвикувајќи околу 400 илјади смртни случаи и ја чинат Унијата околу 20 милијарди евра годишно во здравствени трошоци.