Во предградието на Рим изненадно се отворило тлото и настанала дупка длабока 9 метри. За време на огромниот одрон во дупката завршиле шест автомобили, додека од домовите во близина биле евакуирани 20 семејства, пишува Дејли Мејл.
До големиот колапс на земјиштето дошло во околу 5:30 часот во римската населба Балдуниа, која се наоѓа меѓу улиците Ливио Андонико и Латансио. Драматичните снимки покажуваат колкава штета настанала штом се срушило тлото.
Сѐ уште не е позната причината поради кој се отворила дупката.